• понеделник, 23 декември 2024

Еден починат и три нови случаи на Ковид-19 во Велес

Еден починат и три нови случаи на Ковид-19 во Велес

Велес,11 август 2021(МИА) – На Инфективното одделение при велешката Општа болница денеска почина пациент на 65-годишна возраст од Велес, позитивен на Ковид-19.

Како што информира портпаролот на ЈЗУ Општа болница - Велес д-р Елеонора Јованова, пациентот не бил вакциниран против Ковид-19.

- Последен починат од Ковид-19  во Велешката болница  е регистриран на 16 мај, пред скоро три месеци, изјави д-р Јованова.

На Инфективното одделение во велешката Општа болница денеска вкупно се хоспитализирани тројца пациенти, сите позитивни на Ковид-19. На кислородна поддршка е еден пациент. Испишан е еден пациент како оздравен, со еден негативен тест. ад/мд/

Остани поврзан