• понеделник, 23 декември 2024

Еден милион евра за истражувачко новинарство во Европа

Еден милион евра за истражувачко новинарство во Европа
Лајпциг, 4 март 2020 (МИА) - Фондот „Истражувачко новинарство за Европа“ (ИЈ4ЕУ)  во 2020 година ќе додели еден милион евра за прекугранични проекти на истражувачкото новинарство во земјите членки на ЕУ и земјите кандидати, објавија денеска организациите кои управуваат со Фондот. Фондот ИЈ4ЕУ, кој е првпат претставен во 2018 година, има цел да ја зајакне улогата на „заштитник“ на истражувачкото новинарство во Европа. Во 2018 година Фондот обезбеди 350.000 евра за 12 проекти кои се занимавале со различни теми, вклучувајќи корупција, миграција, климатски промени и вештачка интелигенција, од кои некои имаат добиено награди. - Истражувачкото новинарство е од суштинска важност за демократијата. Но потребни му се ресурси. Со ова помагаме да се пренесат приказните кои треба јавноста да ги слушне, истакна Барбара Трионфи, извршна директорка на Меѓународниот институт за медиуми (ИПИ), водечка организација која стои зад Фондот, се наведува во соопштението. гт/

Остани поврзан