• петок, 05 декември 2025

Европска недела на мобилност, активности на РСБСП за безбедно управување со велосипеди и е-тротинети

Европска недела на мобилност, активности на РСБСП за безбедно управување со велосипеди и е-тротинети

 

Скопје, 16 септември 2025 (МИА) - Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започнува со активности во рамки на кампањата која се спроведува по повод одбележувањето на „Европската недела на мобилност 2025“, која секоја година се одржува од 16 до 22 септември.

Во рамки на кампањата, РСБСП во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и останатите партнерите во кампањите ќе реализира превентивно-едукативни настани насочени кон велосипедистите и возачите на електрични тротинети.

Главната цел е да се подобри безбедноста и запознавањето на овие учесници во сообраќајот со законската регулатива и начините за безбедно управување со велосипеди и е-тротинети, кои сè повеќе се дел од алтернативните методи на транспорт, како активен сегмент на урбаната мобилност. Со тоа, РСБСП ја поддржува основната порака на Европската недела на мобилност, односно промоција на одржлив, безбеден и модерен урбан транспорт, велат од РСБСП. 

Ги повикуваат сите граѓани да се вклучат во настаните, да се информираат и да придонесат за побезбеден и поодржлив сообраќај во нашите градови.

- Заеднички да ја испратиме пораката дека почитувањето на правилата значи почитување на животот, истакнуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.лв/

фото: РСБСП

Остани поврзан