• недела, 17 ноември 2024

Европол предупредува на опасноста украинските бегалци да станат жртви на мрежите за трговија со луѓе

Европол предупредува на опасноста украинските бегалци да станат жртви на мрежите за трговија со луѓе
Хаг, 21 март 2022 (МИА) - Европол денеска предупреди на ризикот украинските бегалци да станат жртви на мрежите за трговија со луѓе во Европска Унија и ги повика земјите што ги примаат да бидат внимателни. - Бројот на потенцијални жртви кои пристигнуваат од Украина може да ги привлече изолираните агресори и опортунисти кои се претставуваат како добронамерни, како и криминални мрежи специјализирани за трговија со луѓе, се наведува во соопштението на Европол. Според Европол, најзагрижувачки се пограничните области, центрите за прифаќање и сместување бегалци и транспортните центри како што се железничките и автобуските станици. - Источна Европа е клучен извор на жртви на трговија со луѓе кои се експлоатирани низ цела ЕУ. Тоа е и регион од каде доаѓаат членови на многу криминални мрежи, потсетува Европол. Во соопштението се посочува и дела повеќето луѓе кои бегаат од Украина се жени, деца и ранливи групи на луѓе кои лесно можат да станат жртви на сексуална експлоатација и принудна работа и да бидат принудени на криминал и питачење. Според денешните податоци на Обединети нации, речиси 3,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија. ми/

Остани поврзан