• четврток, 04 декември 2025

Евролигата и „Туркиш ерлајнс“ ставија крај на партнерството

Евролигата и „Туркиш ерлајнс“ ставија крај на партнерството


Минхен, 1 јули 2025 (МИА) – Кошаркарската Евролига објави денеска дека авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ веќе не е генерален спонзор, најавувајќи почеток на „нова ера“ во елитното европско клупско натпреварување.
„Евролигата со гордост го најавува почетокот на нова, смела ера, откривајќи нов, чист идентитет за своето водечко натпреварување. Оваа стратешка еволуција го означува крајот на долгогодишното партнерство со „Туркиш ерлајнс“, соопшти Евролигата.
„Туркиш ерлајнс“ беше спонзор на Евролигата од 2010 година.
„Нашата благодарност до „Туркиш ерлајнс“ е огромна, нивната поддршка помогна во обликувањето на модерната Евролига. Сега, со нова стратешка визија и возбудлив работен план пред нас, подготвени сме да го прошириме нашето глобално присуство, да го продлабочиме ангажманот на навивачите и да им обезбедиме неспоредлива вредност на нашите клубови, партнери и фанови“, порача извршниот директор на Евролигата, Паулиес Мотиејунас. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан