• петок, 20 декември 2024

ЕБР целосно подготвена да одговори на сите зададени полициски задачи

ЕБР целосно подготвена да одговори на сите зададени полициски задачи
Скопје, 23 август 2021 (МИА) – Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при Министерството за внатрешни работи е Единица која по својот состав, улога, професионални специфики, како што впрочем и напишав во воведниот текст од монографијата по повод овој дводецениски јубилеј на нашите колеги од ЕБР, претставува клучна алка во остварување на полициските цели на безбедноста, а тоа е заштита на сигурноста, слободите, правата, материјалните добра на граѓаните, како и заштита на правниот поредок, на јавниот ред и мир, овозможувајќи внатрешна сигурност и стабилност на државата. Ова го нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во денешното обраќање на пригодната свеченост, по повод одбележувањето 20 години од нејзиното формирање, што се одржа во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ во Скопје, а каде пред големиот број гости се обратија и премиерот Зоран Заев и командантот на ЕБР, Вице Столески. Премиерот Заев во обраќањето потенцира дека досегашните резултати на Единицата и на сите нејзини припадници се вградени во актуелниот статус што македонската полиција го ужива како признаен и респектибилен партнер на граѓаните. - Заради сите овие постигнувања во текот на изминатите 20 години, убеден сум дека ЕБР ќе продолжи и во наредните децении да се развива како високо мотивирана, врвно организирана и профеисонална служба, која заедно со сите останати сегмени на нашиот бебзендосен систем ќе биде гарант за јавниот мир и за безбедноста на граѓаните, според моделите на сродните европски полициски единици, истакна Заев, пред присутните челнови на семејствата на повеќе генерации припадници на ЕБР, на дипломатскиот кор, министри, преставници на институции... Според Спасовски, сите припадници на ЕБР од 2001-та година, кога е формирана Единицата, па сѐ до денес, преку своите активности, трансформации, вложен труд, врвни обуки, професионализам и постигнати видливи резултати, сето тоа недвосмислено го докажаа и покажаа, овозможувајќи оваа полициска организациона единица да биде она што е денес: суштински неопходна полициска формација, особено во делот на она што значат посебни и специјални полициски задачи и области на делување во оној севкупен концепт на европски полициски систем на безбедност, кон кој целиме и интензивно го градиме во изминативе неколку години. Министерот Спасовски оцени дека самата единица односно нејзините припадници, кои зад себе имаат обуки до совршенство, во сложени, сурови, геопросторни и тактички услови, преку нивната високо-професионална оспособеност, организациона и функционална прилагодливост кон потребите и целите на полициското работење, како и преку изразената волја и стремеж кон нови знаења и уште повисоки дострели, како што рече, толку очигледно ги нудат сите аргументи за натамошно инвестирање во нејзиното професионално профилирање, модернизирање и надградба. Потсети дека од 2017 година, се реализира динамичен процес на материјално-техничко оспособување на полициските служби и на полициските службеници, претежно со средства од буџетот на Министерството, а во тие реализирани планови и проекции е опфатена и Единицата за брзо распоредување, односно сите нејзини припадници. Пред неколку месеци за припадниците на ЕБР се обезбедени три различни видови униформи (урбана маскирна, рурална маскирна и униформа за услови на нарушен ЈРМ во поголем обем и апсење на опасни лица), како и спортска опрема. Во тек се и дополнителни инфраструктурни работи, наведе, опремување со современи средства, оружје и возила. Во нашите идни инвестициски планови, најави Спасовски, единицата и нејзините припадници ќе бидат неизоставен дел во кој мора константно да се вложува, вклучително и во натамошното професионално образование, тренинзи по највисоки стандарди, следејќи го примерот на европските специјални сили. ЕБР, подвлече, го негува мултиетничкиот карактер, посветува внимание и на родовата еднаквост во своите редови. - Во градењето на актуелниот особено позитивен статус што македонската полиција го ужива не само дома, туку и како респектабилен партнер, активно анагажирана во мноштвото регионални и меѓународни иницијативи, операции, проекти, во мноштво области од безбедносната сфера, заслугата ја имаат сите полициски служби, вклучително и Единицата за брзо распоредување, чиј слоган не случајно гласи:„Секогаш и секаде!“, рече меѓу другото министерот Спасовски. За премиерот Заев, ЕБР е синоним за професионалност и подготвеност во секое време да се спротивстави на каков и да е предизвик доколку е доведена во прашање безбедноста на граѓаните и на општествениот поредок. Системот на безбедност, истакна тој, е еден од темелните столбови на секое општество, а во тој систем полиција преку нејзината поставеност, функционалност и ефикасност, е клучниот  системско институционален инструмент за остварување на целите на безбедноста, заштитата на слободите, правата, материјалните добра на граѓаните, на правниот поредок, на јавниот ред и мир, овозможувајќи внатрешна сигурност и стабилност на државата. Заев оцени дека ЕБР за само две децении израсна во суштински неопходна полициска формација, примарно во делот што значи, подвлече, посебни и специјални полициски задачи. Како еден од суштинските полициски механизми на безбедносниот систем, рече, ЕБР отворено и динамично ги прифати сите неопходни реформи и трансформации и денес е еден од носечките столбови на севкупниот политички систем на функционирање и е високо профеисонална единица соодветно прилагодена на потребите и целите на полициското работење со изразена подготвеност за нови знаења, вештини и уште повисоки дострели. - Посебно значајно е што припадниците на ЕБР ги краси чувството и одговорноста на максимално пожртвувано исполнвуање на својата должност, кога тоа го налагаат ситуации кога е загрозена јавната и безбедноста на граѓаните, но и во ситуаицја кога природните катастрофи се закануваат по животот, здравјето и имото на граѓаните, рече Заев. Потсети дека во изминатиот период бевме сведоци дека членовите на ЕБР за време на пожарите во рамки на севкупниот систем за заштита и спасување, сед втурнаа во справуање со огнената стихија и учествуваа во неколку конкретни спасувачки акции. Командантот на ЕБР, Вице Столески осврнувајќи се на нејзиниот раст и развој од батаљон во единица, потенцира дека ЕБР значи и зголемување на капацитетите, организациската структура, а со искуството собрано низ годините, како и преку соработка со сродните полициски единици во Европа и во светот, оваа Единица се карактеризира со целосна подготвеност да одговори на  сите зададени полициски задачи, независно од нивната сложеност, самостојно, но и во координација со другите единици. ЕБР, потенцира, прерасна во високо специјализирана полициска единица, во чии рамки се воспоставени високи специфични, стручни и професионални критериумите за сите нејзини праипадници од сите аспекти, физички, ментален, здравствен, образовен и технички. Со едноминутно молчење денеска им беше оддадена почит на сите загинати припадници на ЕБР, чија храброст и жртва при извршување на полициските задачи никогаш нема да бидат заборавени, а нивните дела оставиле длабока трага во разовјо тна еидницата, но и обврска за сите да продолжат на патот кон подобар, посигурен и безбеден живот на сите граѓани на РС Македонија. По повод 20 години од формирањето на ЕБР им беа доделени јубилејни плакети меѓу другити и на министрите Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Венко Филипче, Фатмир Битиќи, Љупчо Николовски, на државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска...цр/са/

Остани поврзан