• недела, 22 декември 2024

Дурмиши: Мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ се почитува, инспекторите остануваат на терен

Дурмиши: Мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ се почитува, инспекторите остануваат на терен

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Според информациите од терен, мерката мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ се почитува од страна на трговците. Инспекторите ќе продолжат со надзорот за да обезбедат целосно почитување на мерката низ целата држава, информираше министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Министерот Дурмиши заедно со заменик министерот Марјан Ристески и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, денеска ги посетија книжарниците „Просветно дело“ и „Алби“ во Скопје за да проверат како се применува мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. 

- Денеска заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат дојдовме и посетивме две книжарници во Скопје за да видиме како се применува оваа мерка. Како што можете да забележите и вие, цените на школскиот прибор кој беше утведен во нашата листа има драстично намалени цени. Инспекторите ќе продолжат со својот надзор на терен сè со цел да обезбедиме целосно почитување на мерката не само тука во главниот град, туку и низ целата држава кажа министерот Дурмиши по посетата на книжарниците.

Оваа мерка, која беше воведена минатата недела, предвидува замрзнување на маржата на училишниот прибор на 10 проценти во трговија на мало и на 5 отсто во трговија на големо, со цел да се намалат цените и трошоците за семејствата со ученици. ар/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан