• сабота, 21 декември 2024

Дука се заблагодари за упатените честитки, АА/Алтернатива поднесоа приговори

Дука се заблагодари за упатените честитки, АА/Алтернатива поднесоа приговори
Дебар, 16 ноември 2021 (МИА) - На неделниот втор круг гласање за градоначалник на Дебар, кандидатот на ДУИ, поддржан од СДСМ и коалицијата, Хекуран Дука доби 4.291 глас, а Беким Поцеста од Алијансата за Албанците/Алтернатива 4.153 гласови. Доцна попладнево на фејсбук Дука упати благодраност до сите кои му го честитале изборот и најави продолжување на проекти за подобра иднина, а од АА/Алтернатива доставени се приговори до Државната изборна комисија. - Бескрајна благодарност за сите оние кои ми ја честитаа победата , на еден или друг начин(порака на Фб, смс, телефон...). Вашата дадена доверба ќе биде мој главен мотив и обврска за реализација на проектите кои ги ветивме. Сега продолжуваме со работа без да губиме веме, напиша Дука. Во меѓувреме АА/Алтернатива, како што пренесува електронското издание на Коха.мк, поднеле пет прговори до ДИК околу „начинот на прибирање на резултатите во Општинската изборна комсија во Дебар“. - Според коалицијата, приговорите се засноваат на одредени прекршувања, како гласање на некои лица со истечена важност на лични карти, немање потписи на членови на избирачки одбори во записниците итн. Еден од приговорите се однесува на пет избирачки места во кои не бил доставен доверливот изборен материјал до Општинската изборна комисија заштитен, како што налага законот, пренесува Коха.мк. Според истиот извор, АА/Алтернатива веруваат дека приговорите може да го сменат изборниот резултат од 14 ноември во Дебар. вт/цр

Остани поврзан