• вторник, 27 јануари 2026

Дуа Липа го привлече вниманието на ревијата на Шанел во Париз

Дуа Липа го привлече вниманието на ревијата на Шанел во Париз

Париз, 27 јануари  2026 (МИА) - Британската поп ѕвезда Дуа Липа го привлече вниманието на јавноста при појавувањето на ревијата на Шанел во рамки на Париската модна недела, појавувајќи се во жолт комплет со впечатлив принт.

Таа носеше сако и здолниште до колена во интензивна жолта боја, украсени со апстрактни црвено-црни мотиви кои потсетуваат на леопардски дизајн. Кројот е во духот на препознатливата елеганција на ревијата, со јасно дефинирани и женствени линии. Комбинацијата беше надополнета со мала чантичка носена преку рамо во ист дезен, со што беше постигната визуелна целина. Минималистичките сандали во црно-бела комбинација и природната шминка во неутрални тонови го заокружија изгледот.

На денешното дефиле во Париз, во рамки на Париската модна недела, Шанел ја претстави својата најнова „висока мода“haute couture колекција за сезоната пролет-лето 2026 година. На Матију Блази, креативен директор на Шанел, оваа ревија му е првата ревија на „висока мода“.  Тој претходно дебитираше со „реди ту веар“ (ready-to-wear) колекцијата за сезоната пролет- лето 2026, а ова е неговото прво официјално модно шоу. Меѓу присутните на ревијата беа и Пенелопе Круз, Никол Кидман, Тилда Свинтон и Ана Винтур. мв/сд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан