• понеделник, 23 декември 2024

Д-р Врабевски: На граничните премини Златарево и Станке Лисичково вакцинирани околу 5.100 Македонци

Д-р Врабевски: На граничните премини Златарево и Станке Лисичково вакцинирани околу 5.100 Македонци
Софија, 2 август 2021 (МИА/БТА) - Приближно 5.100 вакцини се аплицирани на граничните премини Златарево и Станке Лисичково, соопшти компанијата што ја организира вакцинацијата на границата со Северна Македонија, јави БТА. Двата центри за вакцинација на границата беа отворени во мај по иницијатива на сопственикот на компанијата, д -р Милен Врабевски, и сега се затворени, а имунизацијата се вршеше со вакцини на Фајзер и на Џонсон и Џонсон. Можноста за вакцинирање на граничните пунктови ја искористиле бугарски и македонски државјани, со постојано или привремено, бугарско државјанство, меѓу кои вработени во детски градинки, полицајци, пожарникари и други. Од компанијата посочуваат дека потребата од двата пукнта за вакцинација се јавила, откако подолг период граѓаните, кои живеат на територијата на Република Северна Македонија немале пристап до најпознатите и најпосакуваните вакцини против вирусот, објави БТА. - Во Република Северна Македонија има повеќе од 120.000 граѓани со бугарски пасош и бевме должни да размислуваме за овие луѓе таму. Имаме постојани и привремени жители чии семејства и роднини се поврзани со Бугарија. Мора да го следиме примерот на Европска Унија за интеграција на Западен Балкан, која вклучува помош и превенција од пандемија, каде што можеме да бидеме корисни за нашите соседи, истакна д-р Врабевски.

Остани поврзан