• понеделник, 23 декември 2024

Дрин Ахмети се повлекува од раководната функција на „Тор индустрис“, соопшти компанијата

Дрин Ахмети се повлекува од раководната функција на „Тор индустрис“, соопшти компанијата

Скопје, 13 март 2024 (МИА) - Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, основач и сопственик на „Тор индустрис“, компанијата која го купи трговскиот центар „Соравија“, до крајот на годинава ќе се повлече од раководната функција во компанијата, соопштија денеска од „Тор индустрис“.

Според соопштението, новите сопственик е американската компанија „Тексас американ интернешенал холдингс“.

- Дрин Ахмеди, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на „Тор индустрис“, водејќи ја компанијата низ различни фази на раст и реструктуирање, ќе се повлече до крајот на годината, стои во соопштението.

Во него се дополнува дека одлуката доаѓа како дел од планот за транзиција на стратешкото лидерство, кој обезбедува непречено и ефективно пренесување на одговорностите на новиот менаџерски тим назначен од „Американ интернешенал холдингс“ во Тексас.

- Интеграцијата на „Тор индустрис“ во американската компанија претставува хармонично усогласување на вредностите и стратешките цели на двете фирми и се отвораат нови патишта за иновации, проширување на пазарот и подобри понуди на услуги за клиентите, се дополнува во соопштението.

Оттаму најавуваат дека дополнителни детали за транзициите на раководните позиции ќе бидат споделени со јавноста во догледно време.

Компанијата на вкукот на Али Ахмети беше во фокусот на јавноста откако го купи трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. Покрај „Тор индустрис“, Дрин Ахмети поседува и други бизниси.ар/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан