• сабота, 13 декември 2025

ДПТМ: До ДИК официјално ја поднесовме кандидатурата на Аријан Ибраим за градоначалник на Центар Жупа

ДПТМ: До ДИК официјално ја поднесовме кандидатурата на Аријан Ибраим за градоначалник на Центар Жупа

Скопје, 11 декември 2025

Во пресрет на повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари во четири општини, денес официјално ја поднесовме кандидатурата на нашиот кандидат за градоначалник, Аријан Ибраим, во Државната изборна комисија, за Општина Центар Жупа – тврдината на Демократската Партија на Турците, се вели во соопштението од ДПТМ што МИА го пренесува интегрално.

Центар Жупа е општина во која со години заеднички вложуваме труд, доверба и посветеност. Нашиот кандидат Аријан Ибраим, преку својата работа и пристап, ја стекна и ја зацврсти поддршката на граѓаните. Уверени сме дека и на овие избори ќе продолжиме по истиот пат, со истата одлучност и посветеност.

Веруваме дека на 11 јануари, со уште поголема излезност и уште посилна поддршка од нашите сограѓани, Центар Жупа повторно ќе победи. Нека овие избори бидат успешни и благотворни за нашиот народ, за државата и за целото наше членство. На нашиот кандидат и на општинската организација им посакуваме искрен успех.

Со силна вера и искрена желба, со нетрпение очекуваме повторно да прославиме голема победа во Центар Жупа. Цврсто веруваме дека оваа победа ќе ја постигнеме заедно со народот на Центар Жупа.
 
Демократска Партија на Турците на Македонија (ДПТМ)

Фото: ДПТМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан