• понеделник, 20 мај 2024

ДПА: Вооружен дрон пронајден во близина на Москва

ДПА: Вооружен дрон пронајден во близина на Москва

Москва, 24 април 2023 (МИА) - Руските безбедносни сили пронајдоа дрон вооружен со експлозив во шума, североисточно од Москва, јави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на безбедносни извори.

Како што пренесува германската новинска агенција ДПА, дронот се скршил на два дела.

„Дронот во моментов се испитува за да се утврди кој го лансирал и каде летал“, изјави портпаролот на безбедносните сили.

Во московскиот регион има неколку потенцијални воени цели, посочува ДПА. ссм/

фото: архива

Остани поврзан