• среда, 27 ноември 2024

До несреќата довело одвлекување на вниманието на возачот на српскиот автобус, изјавила патничка за БТВ

До несреќата довело одвлекување на вниманието на возачот на српскиот автобус, изјавила патничка за БТВ
Софија, 14 август 2022 (МИА) -  Според патник од српскиот автобус кој веќе се преврте на автопатот Тракија во Бугарија, на возачот му било одвлечено вниманието кога се обидувал да помогне да го спушти седиштето на еден од татковците на едно од децата, кое претходно почувствувало болка, изјави во директно вклучување на една од патничките со име Наташа за БТВ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова била причината што српскиот автобус нагло свртел надесно и се поревртел во каналот во близина на автопатот. Српските деца се враќале од фолклорен фестивал на Сончев брег на Црно Море. Во автобусот во моментот на несреќата се наоѓале 38 деца и 10 возрасни лица од Србија. Во болницата во Стара Загора се примени 4 возрасни и 8 деца, еден од возрасните е во тешка состојба и може да бара ампутација на екстремитети. Иван Дерменџиев, министер за внатрешни работи на Бугарија, коментира дека нема тешки загуби и дека децата се живи и здрави. Според бугарскиот министер за внатрешни работи, причина за несреќата била грешката на српскиот возач, кој бил деконцентриран и изгубил контрола над автобусот. Нема надворешни пречки, ниту на патот, ниту во сообраќајната сигнализација. нк/

Остани поврзан