• сабота, 23 ноември 2024

Доставени 1.700 заштитни маски во здравствениот дом и локалните институции во Крива Паланка

Доставени 1.700 заштитни маски во здравствениот дом и локалните институции во Крива Паланка
Крива Паланка, 25 март 2020 (МИА) – Првите 1.700 заштитни маски, донација од конфекции во Крива Паланка денеска се доставени во локалната самоуправа и во здравствениот дом „Димитар Арсов“. -Општината ги доби маските и истите се поделени на вработените во локалната самоуправа, во локалните институции, градски музеј, Меѓуопштински центар за социјални работи, подрачна единица на Фонд за здравствено осигурување, полициска станица , гранични полициски служби, царина, во Дневниот центар, во подрачна единица на МЗШВ и други, а инспекциските служби веќе имаа набавено. Благодарност до двете компании, „Ала конфекции“ и „Амика Мика“ кои излегоа во пресрет во овие моменти кога сечија помош е добредојдена, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. Директорот на здравствениот дом од Крива Паланка, Бранко Стаменковски, информира дека добиле 1.000 заштитни маски за повеќекратна употреба од „Ала конфекции“. -Направив напори дел до маските, кои оваа фирма ги изработи за вонредната ситуација, да ги добиеме како здравствен дом и истите се поделени на сите наши вработени, медицински лица и останат кадар, а исто така, маски доставивме и до другите здравствени служби кои не се во рамките на работењето на здравствениот дом: подрачна единица  на Хигиено епидемиолошка служба, Центар за јавно здравје, на подрачна единица на трансфузионото одделение, на Центар за дијализа, на дел од приватните здравствени организации, стоматолошки ординации и матични лекари, и може да се обратат приватните матични лекари кои не земале, да им доделиме, а секако, најважно е дека како здравствен дом сега имаме маски за пациенти кои ќе престојуваат во болничките одделенија, рече Стаменковски.иб/ир

Остани поврзан