„Дон Џовани“ се враќа на сцената во Националната опера и балет
- По подолга пауза, едно од најзначајните дела на Моцарт ќе се изведе на големата сцена на Националната опера и балет.
Скопје, 2 февруари 2026 (МИА) - По подолга пауза, едно од најзначајните дела на Моцарт ќе се изведе на големата сцена на Националната опера и балет (НОБ) на 7 февруари, со почеток во 19.30 часот, соопштија денеска од установата.
- Постојат оперски наслови што се дел од репертоарот. И постојат дела што го дефинираат самиот поим опера. „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт припаѓа токму во втората група. Оваа опера не е само музичка класика, туку интелигентна, драматична и длабоко човечка приказна за изборот, моќта и за последиците. Опера што истовремено фасцинира, вознемирува и инспирира, без да нуди лесни одговори - наведоа во соопштението од НОБ.
Од установата повикаа да се резервира билет навреме преку интернет или на билетарницата. бд/вј/
Фото: Фејсбук - страница на НОБ