• сабота, 21 декември 2024

Дончиќ наскоро се враќа на теренот

Дончиќ наскоро се враќа на теренот

Далас, 30 ноември 2024 (МИА) - Лука Дончиќ е блиску до враќање на терените. Словенечкиот кошаркар ги продолжи тренинзите и ќе замине на гостување со Далас маверикс. Тој поради повреда пропушти пет натпревари.

Дончиќ ќе оди со својот тим на гостувањето во Солт Лејк Сити против Јута.

Закрепнувањето на повредата на раката на најдобриот играч на Далас е целосно. Според тренерот Џејсон Кид, Лука „изгледал добро“ за време на петочниот тренинг.

Дончиќ најверојатно ќе ја пропушти средбата со Џезерите, но има шанси да биде во тимот в недела на средбата со Портланд. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан