• недела, 22 декември 2024

Донесена редовната годишна Програма за имунизација

Донесена редовната годишна Програма за имунизација
Скопје, 11 јануари 2022 (МИА) - Владата денеска ја донесе Програмата за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2022 година која се носи секоја година и која ја опфаќа вакцинацијата на лица на одредена возраст, која се спроведува континуирано, во текот на целата година. Со оваа програма се предвидува вакцинација на одредена возраст согласно Календарот за имунизација против акутен вирусен хепатит Б , туберкулоза, заболувања предизвикани од хемофилус инфлуенца тип Б, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, заразни заушки, рубеола и инфекции предизвикани од хуман папилома вируси, од ротавируси и од Streptococcus pneumoniae. - Во Програмата е приложен Календарот за имунизација на деца од 0 до 18 години и Календарот за „catch-up“ имунизација за нередовно вакцинираните деца од 5 до 18 година, како и планот за обезбедување годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации, се наведува во соопштението од денешната владина седница. сп/

Остани поврзан