• недела, 19 мај 2024

Донев и Милевска победници на МТКФ државниот шампионат во кати

Донев и Милевска победници на МТКФ државниот шампионат во кати

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Дамјан Донев и Берта Милевска се победници на 56. МТКФ државен шампионат во традиционално карате во кати одржан викендот во Скопје.

На победничкиот подиум во машка конкуренција покрај Донев се искачија и Слободан Костов и Петар Костов.

Кај девојките друштво на Милевска и правеа Јана Милевска, Ива Ромевска и Михаела Костова.  

Покрај натпреварот за сениори/јуниори во машка и женска категорија, на турнирот се појавија и учесници во помладите категории.

Во кадетска конкуренција најдобри беа Матеј Магаровски и Камелија Недев. зс/

Остани поврзан