• понеделник, 23 декември 2024

Донација на компјутери за деца со загрозен социјален статус во Бутел

Донација на компјутери за деца со загрозен социјален статус во Бутел
Скопје, 14 мај 2020 (МИА) - „Донирај го својот стар компјутер“ е акција преку која градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, денеска во домот на семејството Радевски однесе комјутер за Катерина, која е штитеник во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Бутел. Оваа акција ја покрена Општина Бутел за да им се помогне на децата кои не можат да го имаат овој апарат во своите домови и да ја следат онлајн наставата, која се наметна за завршување на школската година со заштитните мерки во борбата со пандемијата од коронавирусот. Како што соопштија денеска од Општината, со компјутерот ќе работи мајката на Кате, која е доктор по психолошки науки и ќе и овозможи да продолжи со своите научни истражувања за да помогне на Кате и дечињата кои се соочуваат со вакви препреки во животот. - Овој момент за нас е како дожд среде пустина. Природата треба да се користи, но што и да се прави неможе да се смени, рече Ванѓа Радевска, мајката на Катерина која е дете со пречки во природниот развој. Од Општина информираат дека ќе продолжат и наредните денови со распределбата на донираните персонални компјутери преку училиштата кои ги има на својата територија, а ќе бидат наменети за децата од семејствата со загрозен социјален статус и семејства од руралните средини. бт/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан