• петок, 22 ноември 2024

Донациите од Меморијалниот турнир во Делчево наменети за малиот Павел

Донациите од Меморијалниот турнир во Делчево наменети за малиот Павел
Делчево, 21 август 2022 (МИА) - Донациите собрани од Меморијалниот турнир во мал фудбал што во чест на Филип Стоичов се одржа во Делчево, ќе бидат наменети за малиот Павел кој преживеа тешка сообраќајна незгода. По несреќата, Павел остана со оштетувања на мозокот и парализа на десната страна од телото и потребни му се финансиски средства за лекување во Србија. - Да не дозволиме поради недостаток на финансиски средства, детството на ова детенце да му помине во кревет, истакнаа организаторите на турнирот Александар Стоичов и Александар Дамјанов кои го посетија малиот Павел и неговото семејство. Родителите на малиот Павел изразија голема благодарност за хуманиот гест до организаторите на турнирот, посочувајќи дека донирањето продолжува на телефонските броеви за таа намена. - Се е подготвено за почетокот на лекувањето, благодарение на сите вас кои помогнавте досега на сите начини кои Ви беа достапни, се вели во објавата на родителите на малиот Павел. Апелираат до сите хумани граѓани да донираат на телефонските броеви 143-473 А1 и 143-191 Т-Мобиле. вс/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан