• петок, 22 ноември 2024

Доменикали: Борбата за титулата во Формула 1 следната година ќе трае до крајот на сезоната

Доменикали: Борбата за титулата во Формула 1 следната година ќе трае до крајот на сезоната
Лондон, 5 ноември 2022 (МИА) – Извршниот директор во Формула 1, Стефано Доменикали е сигурен дека во 2023 година борбата за титулата ќе трае до крајот на сезоната. Оваа година Макс Верстапен го освои индивидуалниот шампионат на четири трки пред крајот на шампионатот, а Ред Бул извојуваа рана победа во шампионатот за конструктори на три етапи пред крајот на сезоната, иако на почетокот на годината фаворити беа Шарл Леклер и Ферари. - Макс Верстапен и Ред Бул направија неверојатна работа овој пат. Но, можеби другиот тим не ја искористи шансата. Јас сум целосно уверен дека следната година битката ќе трае до крајот на сезоната, истакна Доменикали. Додаде дека интересот за двете последни Гран-при во сезоната 2022 е сè уште голем: „Од спортска гледна точка, последните трки привлекуваат големо внимание - пред борбата за позиции кои влијаат на финансискиот успех на тимовите. Така, мислам дека етапите во Бразил и Абу Даби се исто така интересни. Нема проблем што борбата за шампионскиот трофеј заврши предвреме. Овде не гледаме никакви ризици за себе. За почеток, продаваме се повеќе билети за последните трки, потенцира Доменикали. зс/

Остани поврзан