• недела, 22 декември 2024

Долг аплауз за Камерниот оркестар на Националната опера и балет во Виена

Долг аплауз за Камерниот оркестар на Националната опера и балет во Виена

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчеравечер во Почесната сала (Ehrbar Saal) во Виена го проследи концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, чиј настап, многубројната публика го поздрави со долг аплауз.

На концертот, како што информира Министерството за култура и туризам, присуствуваа и македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, амбасадорот на ОБСЕ, Пајо Авировиќ, како и претставници од дипломатскиот кор.

Камерниот оркестар на НОБ, под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, изведе композиции од: Пучини, Бритен, Цанев, Аврамовски, Имери и Шуплевски.

- Специјална гостинка на вечерта беше пијанистката Горјана Стојановска, чиј настап ја збогати уникатната можност да се слушне македонската музика на едно од најпрестижните места во Виена, продолжувајќи ја традицијата на меѓукултурна размена и промоција на македонската уметност во светот, се вели во соопштението од Министерството за култура и туризам. мд/аа/

Фото: Министерство за култура и туризам

Остани поврзан