• петок, 22 ноември 2024

Дозволено организирање настани во затворен простор до 50 проценти исполнетост

Дозволено организирање настани во затворен простор до 50 проценти исполнетост
Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) - Владата денеска на седница согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе заклучок да се дозволи организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50 проценти исполнетост од капацитетот на просторот. Се дозволува и работа на барови и ноќни клубови - дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50 посто исполнетост од капацитетот на просторот. - Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица, со поседување и приложување на еден од следните документи, соопшти владината прес-служба. мс/нд/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан