Додик: Република Српска нема да дозволи одземање на уставните овластувања и наметнување закони
- Додик го информирал Дивалдо за актуелната политичка ситуација во Република Српска и во Босна и Херцеговина и нагласил дека Република Српска нема да дозволи одземање на уставните надлежности, наметнување закони и одлуки од неизбрани странски функционери.

Бања Лука, 28 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска го прими во инаугуративна посета амбасадорот на Австрија во БиХ, Георг Дивалдо, и му посочи дека Република Српска го поддржува европскиот пат на БиХ, на кој сака да биде видлива, во согласност со механизмот за координација и со целосно почитување на нејзините уставни позиции, како и на Дејтонските структури на Босна и Херцеговина.
Додик го информирал Дивалдо за актуелната политичка ситуација во Република Српска и во Босна и Херцеговина и нагласил дека Република Српска нема да дозволи одземање на уставните надлежности, наметнување закони и одлуки од неизбрани странски функционери.
Претседателот на република Српска на австрискиот амбасадор во Босна и Херцеговина му посака добредојде во Република Српска и успешен мандат, соопштија од кабинетот на Додик.сд/
фото:МИА архива