Доделени 60 стипендии за најуспешните ученици од основните училишта во Бутел
- Општина Бутел додели парични стипендии за најуспешните ученици од општинските основни училишта, во вредност од 12 000 и 10 000 денари, информираше градоначалникот Дарко Костовски.

Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - Општина Бутел додели парични стипендии за најуспешните ученици од општинските основни училишта, во вредност од 12 000 и 10 000 денари, информираше градоначалникот Дарко Костовски.
На 11 првенци на генерација во три наставни јазици македонски, албански и турски, Костовски соопшти дека доделени се парични ваучери во вредност од 12 000 денари. На основците од осмо, седмо, шесто и петто одделение во трите наставни јазици доделени им се парични ваучери во вредност од 10 000 денари. ки/са/