• недела, 22 декември 2024

Доделени наградите 13 Ноември

Доделени наградите 13 Ноември

 

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Сојуз на спортови на Скопје денес ги додели наградите 13 Ноември за особени заслуги во развој и унапредување на спортот како и за врвни спортски достигнувања на заслужен спортист, тренер, професори по спорт, спортски новинари, спортски работници и награди за животно дело во областа на спортот.

Наградите годинава ги добија: 

1. Марјан Угриновски, професор во Основно училиште „Јан Амос Коменски“

2. Мирјана Крстевска – професор во СУГС „Димитар Влахов“

3. Спортско радио 90.3 – спортски медиум

4. Филип Пoповски – фудбал, спортски работник

5. Влатко Неделковски – декан на ФФОСЗ, спортски работник

6. Игор Јакимовски – тренер атлетика

7. Дарио Ивановски – спортист атлетика

8. Владимир Радиќ – ракомет – Животно дело

9. Ѓорѓи Чадиковски – атлетика – Животно дело

10. Ѓоко Хаџиевски – фудбал – Животно дело.

Наградата 13 Ноември традиционално од 1970 година секоја година ја доделува Сојузот на спортови на Скопје, по повод денот на ослободување на градот. зс/

Фото: МИА      

Остани поврзан