• вторник, 19 ноември 2024

Додека тече истрагата во Обвинителството за Клиниката „Жан Митрев“, неколку пациенти дадоа поддршка со лични искуства

Додека тече истрагата во Обвинителството за Клиниката „Жан Митрев“, неколку пациенти дадоа поддршка со лични искуства
Скопје, 25 август 2022 (МИА) - Паралелно додека тече истрагата во Обвинителството за случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“, неколку пациенти кои тврдат дека успешно биле излечени со методот на хемофилтрација од Ковид-19, раскажаа за своите искуства со оваа болница. Велат дека се организирале самоиницијативно и оти не им бил понуден надомест за да го раскажат своето искуство. Тие велат дека биле во животна опасност, но третманот во Клиниката и хемофилтрацијата им помогнале повторно да застанат на нозе. - Бев во лоша ситуација, после само два дена по заразување со Ковид вирусот мене ми откажаа белите дробови... Сатурацијата ми беше под 80. Не сакаше ни Брза помош да ме земе. Сам возев и ме примија во Клиниката, вели еден од пациентите. Тој додаде дека тимот на доктори и на техничари и на болничари бил премногу професионален, негата на високо ниво, по влошување на неговата ситуација завршил на респиратор и веќе не можел да стане од кревет. - По првата хемофилтрација за која што го прашаа и татко ми, и мене и сите, ја одобривме. По неколку часа од првата хемофилтрација јас се опоравив, почнав да јадам и веќе наредниот ден ме ставија во обична соба. По јадењето и лекувањето неколку дена во обична соба они мене ме пуштија дома, истакна пациентот. Меѓу пациентите некои се жалеа дека не биле добро третирани по државните клиники и биле принудени да одат во приватна клиника, конкретно во случајов во клиниката „Жан Митрев“. Некои од нив велат доколку имаат повторно здравствен проблем, повторно би се лекувале на оваа клиника. Обвинителството, еден ден по емитувањето на документарниот филм „Нечиста крв“ на ИРЛ, на 18 јули, оформи предмет по допрен глас за да го испита начинот на лекување на пациентите во приватната болница „Жан Митрев“ во периодот на пандемијата со коронавирусот од 2020 до 2022 година. На 12 август Обвинителството отвори истрага во која сопственикот на болницата доктор Жан Митрев е осомничен за Измама на пациенти. Судот му го одзеде пасошот како мерка на претпазливост поради опасност од бегство. „Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од КОВИД 19 со методот на хемофилтрација“, соопштија тогаш од Јавното обвинителство. сх/нд/

Остани поврзан