Добротворен новогодишен базар
- Добротворен новогодишен базар ќе се одржува денеска во Ист Гејт Мол од 11 до 17 часот. Посетителите ќе можат преку донаторски ваучери да купуваат производи и новогодишни подароци од социјални претпријатија и занаетчии.

Скопје, 15 декември 2024 (МИА) - Добротворен новогодишен базар ќе се одржува денеска во Ист Гејт Мол од 11 до 17 часот. Посетителите ќе можат преку донаторски ваучери да купуваат производи и новогодишни подароци од социјални претпријатија и занаетчии.
Донаторските ваучери ќе бидат со различна вредност, а средствата се наменети за подобар живот и инклузија на најранливите, за подобра едукација, достоинтвена работа и добро здравје.
На настанот, според организаторите, ќе бидат доделени признанија. За најмладите се предвидени креативни работилници кои ќе ги научат на грижа за природата и за другите.
Базарот се одржува во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“. мч/мд/
фото: плакат