• четврток, 20 март 2025

ДЛУМ ги одложува сите активности предвидени за овој период од годината

ДЛУМ ги одложува сите активности предвидени за овој период од годината

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - Во знак на почит и сочувство по повод трагедијата во Кочани Друштвото на ликовни уметници на Македонија ги одложува сите активности предвидени за овој период од годината.

-ДЛУМ изразува сочувство по повод големата трагедија каде животот го загубија многу млади животи. Во знак на почит ДЛУМ ги одложува сите активности и изложбата „Експериментален цртеж“ предвидена за овој период од годината. Посакуваме сите заедно со заеднички сили да истраеме во болката на семејствата, се вели во денешната информација од ДЛУМ. сст/дма/

Фото МИА архива

 

Остани поврзан