• петок, 22 ноември 2024

ДКЦ Карпош ја слави Европската недела на мобилност со „Движи се за здравје“

ДКЦ Карпош ја слави Европската недела на мобилност со „Движи се за здравје“

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Со манифестацијата „Движи се за здравје“, Детскиот културен центар – Карпош денеска ќе ја одбележи Европската недела на мобилност.

Како што информираат од ДКЦ Карпош, со почеток од 10 часот на фонтаната „Лотус“ денеска ќе биде вистински спортски спектакл со децата од градинките од Град Скопје. 

- Целта на оваа манифестација е да се потсетиме дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен раст и развој на децата, како и за подобрување на моторичкиот развој уште од рана предучилишна возраст.  Децата преку вежбањето и движењата, ќе ја откријат брзината и вештината на поминување на поставените полигони, возењето велосипед, тротинет и други спортски активности кои ги подготвивме за нив, стои во соопштението од Центарот, кој ја организира манифестацијата во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

На 17-ти и 18-ти септември со поддршка на Град Скопје во центарот во Старата скопска чаршија со почеток во 19 часот првпат ќе се одржи манифестација „Ритамот на чаршијата“, чија цел, како што информираат од Центарот, е да ја заживее Чаршијата од еден поинаквов агол, во духот на ритамот.

- Оваа година ќе се популаризираат објектите Куршумли ан и Чифте Амам каде што настап ќе има вокално инструменталниот состав „Аманет“, и концерт на класична гитара, стои во соопштението. ар/мд/

Фото: КИЦ Карпош

Остани поврзан