• понеделник, 23 декември 2024

ДКСК откри сомнителни случаи на перење пари и злоупотреба на лични податоци од страна на обложувалници

ДКСК откри сомнителни случаи на перење пари и злоупотреба на лични податоци од страна на обложувалници
Скопје, 9 април 2021 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) правејќи проверки на имотно-правна состојба на избрани и именувани функционери и вистинитоста на доставените податоци, открила злоупотреба на лични податоци и сомнежи за перење пари од страна на обложувалници. - Заради надминување на ова и проверка предлагам како ДКСК да побараме итно да се направи антикорупциска проверка на Законот за игри на среќа и да се направи проверка на законот за регулирање на исплатата во кеш. бидејќи засега со првичнава проверка околу 40.000 евра беа ставени на даночните пријави без да знаат граѓаните. Да побараме промена во законот или да се регулира оваа исплата во кеш, предложи членот на ДКСК Горан Трпеноски, кој работел на случајот заедно со службите во комисијата. При тие проверката откриле случај за сомнеж на злоупотреба на личните податоци на граѓаните од спортските обложувалници и индиција за сомнеж за можно перење на пари. Апелираше до играчите на среќа и граѓаните, како што кажа, да си ги проверат даночните пријави бидејќи, според Трпеноски, има случаи на губење на социјална помош, крадење на лични податоци, земање на кредити... - Известени се МВР, Финансиската полиција, Финансиското разузнавање, управата за јавни приходи за да ги проверат сомневањата за можни финансиски малверзации од страна на обложувалниците. Од финансиската полиција не известија дека ова не е изолиран случај, дека покрај нашата пријава и голем број на граѓани пријавиле голем број на обложувалници со слична содржина и дека тие активно постапуваат по пријавите, а за резултатите од предистражната постапка по известувањето на надлежното обвинителство ќе ја информираат и ДКСК. Односно кратко кажано, не постои регулатива за пропишан систем за евиденција на играчи кај уплата на влоговите и издавањето на уплатниот тикет од уплатата што е единствен доказ за подигнувањето на добивката односно нема можност да се контролира исплатата во кеш, дека им се исплаќа на рака а не се става на трансакциска сметка, истакна Трпеноски. Информирајќи за случајот, тој рече дека од Управата за јавни приходи објасниле дека во тој процес технички и оперативно е невозможно да се врши надзор и контрола од страна на која било институција во државата за тоа дали операторот на уплатното место ги внесува личните податоци на вистинскиот добитник со оглед на тоа што во текот на едно деноноќие се вршат повеќе илјади исплати на ниво на државата. Во овие услови, како што појасниле од УЈП, според Трпеноски, не постоело можност за откривање и спречување на овие појави за злоупотреба на личните податоци, како од правно нормативен така и од оперативен технички аспект. Ова, според него, значи дека има голем системски пропуст и дека Законот за игри на среќа „дозволува финансиски малверзации односно перење пари или сомнеж за кое било кривично дело“. Членовите на ДКСК ги прифатија предлозите на Трпеноски за брза реакција, но исто така предложија и средби со надлежните институции за што е можно поскоро решавање на случајот и системските пропусти. На седницата исто така беше затворен случајот со поранешниот народен правобранител Иџет Мемети и наводите што до ДКСК биле доставени анонимно и притоа беше констатирано дека е постапувано по закон. ДКСК расправаше и за неколку случаи за судир на интереси. ев/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан