• понеделник, 23 декември 2024

„Дијана“ повторно на Бродвеј оваа зима

„Дијана“ повторно на Бродвеј оваа зима
Њујорк, 31 март 2021 (МИА) - Мјузиклот „Дијана“ - театарска претстава за животот на британската принцеза Дијана, би требало да се врати на Бродвеј нареднава зима, а специјално шоу ќе биде прикажано и на Нетфликс, премиерно на 1 октомври. „Дијана“ првпат беше изведена на „Ла Јола плејхаус“ во 2019 година, а на Бродвеј се префрли во март 2020 година - непосредно пред светски познатиот театар да биде принуден да се затвори поради Ковид-19 пандемијата. Претставите би требало да продолжат и во театарот „Лонгар“ на 1 декември. Билетите за Бродвеј се веќе пуштени во продажба. Иако претставите, сепак, остануваат предмет на одобрување, врз основа нна натамошните упатства на здравствените власти околу пандемијата. Режисер е Кристофер Ешли, а меѓу глумците се Жана де Ваал како Дијана, Ро Хартрамф во улогата на принцот Чарлс, Ерин Дејви - Камила Паркер и, Џуди Кеј во улогата на кралицата Елизабета Втора. Носителотот на награедата Тони, Џо Дипјетро ги напиша книгата и стиховите, а Дејвид Брајан - исто така добитник на Тони, ги напиша музиката и текстовите. Кели Девајн се справи со кореографијата, а Јан Ајзендрат е одговорен за музичкиот аранжман. Претставата „Дијана“ наменета за Нетфликс, пак, ќе се сними без публика и со сите потребни безбедносни корона-протоколи.  си/

Остани поврзан