Директорот на ЦУК во посета на општина Пробиштип
- Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али денеска ја посети Општина Пробиштип каде оствари работна средба со градоначалникот Тони Тоневски на која се разговараше за унапредување на соработката со општината и зајакнување на капацитетите на Регионалниот центар за управување со кризи.
Скопје, 25 декември 2025 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али денеска ја посети Општина Пробиштип каде оствари работна средба со градоначалникот Тони Тоневски на која се разговараше за унапредување на соработката со општината и зајакнување на капацитетите на Регионалниот центар за управување со кризи.
Во рамки на посетата, како што информираат од ЦУК, директорот Али оствари работна средба и со директорот на Хидросистемот „Злетовица“ Златко Стојановски. Посебен акцент беше ставен на значењето и потребата од итна ревитализација и унапредување на системот за известување и тревожење со кој располага хидросистемот „Злетовица“, како клучен елемент за навремено предупредување на населението и институциите во случаи на потенцијални ризици и вонредни состојби.
Соговорниците се согласија дека функционален и современ систем за тревожење претставува основа за ефикасно управување со кризи, заштита на човечки животи и материјални добра. Во таа насока беше договорен заеднички настап и координација во подготовката и реализацијата на идни проекти од стратешко значење за двете институции.вј/
Фото: ЦУК