Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Охрид, ОВР Струга, ПО во Велешта и ПС за ГП аеродром „Св.Апостол Павле“
- Министерството за внатрешни работи ќе биде силна логистичка поддршка на напорите на СВР Охрид за натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на целото подрачје посебно сега, во пресрет на летната туристичка сезона и спроведувањето на мерките во рамки на акцијата „Безбедно лето 2025“ .
Скопје, 29 мај 2025 (МИА) - Министерството за внатрешни работи ќе биде силна логистичка поддршка на напорите на СВР Охрид за натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на целото подрачје посебно сега, во пресрет на летната туристичка сезона и спроведувањето на мерките во рамки на акцијата „Безбедно лето 2025“ .
Ова го истакнал директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при МВР, м-р Александар Јанев, при неговата денешна посета на СВР Охрид. Директорот Јанев ги посетил и ОВР Струга и полициското одделение во струшкото село Велешта, каде бил запознат со активностите на полициските службеници за одржување стабилен јавен ред и мир и обезбедување поволна сообраќајна безбедност и во претстојниот период кога, на подрачјето на Струга и селата се зголемува присуството на граѓани кои се на привремена работа во странство а годишните одмори ги поминуваат во Струга и околните населени места.

Како што соопштија од МВР, при денешната посета на Охрид, директорот Јанев ја посетил и полициската станица за гранични проверки аеродром „Св.Апостол Павле“ каде извршил увид во работата на полициските службеници кои работаат на контрола на патници за влез и излез во државата во услови на зголемен број на патници на граничниот премин Ќафасан на македонско-албанската граница.

Јанев ги нагласил напорите на Министерството за внатрешни работи за спроведување континуирани мерки за јакнење на професионалните капацитети и за пожртвуваните напори за јакнење на стручноста и грижата за безбедноста на граѓаните. Притоа, како примарна цел првиот човек на БЈБ ја потенцирал неопходноста полицијата да ги стави во функција сите расположливи ресурси преку процесите на оптимизација, флуктуација, а воедно и дигитализација на сите работни процеси.
Според Јанев, се додава во соопштението, императивно е разбирањето, односно мисијата кон чие остварување целиме – а тоа е дека секој еден полициски службеник мора да биде во служба на граѓаните, а се во интерес на нивната безбедност и сигурност. цр/
Фото: МВР