Директорот на АХВ делегат на Генералното Собрание на Светската организација за здравствена заштита на животните во Париз
- Главен фокус на овогодинешното Генерално собрание беа вакцините и вакцинацијата кај животните. Дел од сесиите, како што информираат, биле посветени на иновативиот форум за здравје на животните за вакцини и вакцинација кај истите. Овој форум обезбеди платформа за дијалог меѓу делегатите на WOAH, експертите за оваа област, граѓанското општество и приватниот сектор за предизвиците што го попречуваат развојот на вакцините и нивната употреба во стратегиите за контрола на болести. За време на форумот, учесниците ги идентификуваа акционите стратегии за интегрирање на вакцинацијата во националните програми за контрола на болести, со цел да се обезбеди безбедна меѓународна трговија со животни и нивни производи.
Скопје, 30 мај 2025 (МИА) - Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов на 92-то Генерално собрание на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH) беше назначен за делегат на Генералното собрание на WOAH и претставник на државата во Светската здравствена организација за заштита на животните.
Светското собрание на делегати, како што информираат од АХВ, на Собранието усвоило административни и технички резолуции и спровело избори за пополнување на слободните места во некои од управните тела на WOAH.
- Да се биде препознат како дел од успешната група на лидери за здравствена заштита на животните е исклучителна привилегија, но и одговорност, изјавил Миланов, кој со делегација од АХВ, од 25 до 29 мај учествуваше на 92-то Генерално собрание на WOAH што се одржа во Париз.
Главен фокус на годинашното Генерално собрание беа вакцините и вакцинацијата кај животните. Дел од сесиите, како што информираат, биле посветени на иновативиот форум за здравје на животните за вакцини и вакцинација кај истите. Овој форум обезбеди платформа за дијалог меѓу делегатите на WOAH, експертите за оваа област, граѓанското општество и приватниот сектор за предизвиците што го попречуваат развојот на вакцините и нивната употреба во стратегиите за контрола на болести. За време на форумот, учесниците ги идентификуваа акционите стратегии за интегрирање на вакцинацијата во националните програми за контрола на болести, со цел да се обезбеди безбедна меѓународна трговија со животни и нивни производи.

На Генерално собрание учествуваа делегати од 183 земји членки на WOAH, претставници од релевантни меѓународни организации, од земји набљудувачи, клучните чинители на Светската организација за здравствена заштита на животните и специјални гости на WOAH. На Собранието беше претставен Извештајот на генералниот директор за активностите на WOAH за 2024 година за 7-миот Стратешки план и ажурирање за развојот на 8-миот Стратешки план.

На маргините на Генералното собрание беа одржани повеќе билатерални средби со претставници – делагати и делегации со цел олеснување на меѓународната трговија со животни и нивни производи. Од страна на WOAH беа потврдени позитивните резултати на Агенцијата за храна и ветеринарство во однос на пријавувањето на болестите, успешното интергрирање на WAHIS системот со ADIS системот на Европската Унија и заложбите на Република Македонија за добивање на статус на земја слободна од одредени болести, како што е класичната чума кај животните со цел извоз на свинско месо во Европската Унија и во светот, како и промена на статусот на земја со недетерминиран статус на спонгиоформни енцефалопатии, информираа од АХВ.
На 92-то Генерално собрание на WOAH му претходеа состаноци организирани во рамки на петте регионални претставништва на оваа организација на кои се донесоа одлуки за стратегиските прашања и за кадровските решенија во однос на позициите во самите регионални претставништва кои беа презентирани и усвоени на самото Генерално собрание. аа/бак/
Фото: АХВ