Димовска-Хрицова: Континуираниот дијалог ќе придонесе за натамошно јакнење на билатералните односи и парламентарната соработка
- Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова. На средбата се разговараше за унапредување и продлабочување на соработката помеѓу двата парламента, како на институционално ниво, така и на ниво на пратенички групи за соработка, информираат од собраниската прес-служба.
Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова. На средбата се разговараше за унапредување и продлабочување на соработката помеѓу двата парламента, како на институционално ниво, така и на ниво на пратенички групи за соработка, информираат од собраниската прес-служба.
Димовска ја истакнала посветеноста на Собранието кон јакнење на административните капацитети и размена на добри практики со цел подобрување на ефикасноста и транспарентноста во работата на Службата. Воедно, била нагласена подготвеноста на двете страни за организирање заеднички активности, работни состаноци и студиски посети со цел продлабочување на меѓусебната соработка.
Амбасадорката ја изразила поддршката на Република Словачка за развој на нашата држава и пренесе иницијатива за посилно партнерство помеѓу двата законодавни дома. Таа потенцирала дека редовната комуникација и размената на искуства на ниво на пратеници претставуваат важен сегмент во унапредувањето на демократските процеси.
Двете страни се согласиле дека континуираниот дијалог и координација ќе придонесат за натамошно јакнење на билатералните односи и парламентарната соработка. сст/вј/
Фото: Собрание