• понеделник, 23 декември 2024

Димковски: Три денари за продадена зелка, можност за користење на 14.500 денари, продолжен рок за плаќање на закупнина

Димковски: Три денари за продадена зелка, можност за користење на 14.500 денари, продолжен рок за плаќање на закупнина
Скопје, 29 април 2020 (МИА) - Три денари за продадена зелка, продолжување на рокот за плаќање на закупнина на државно земјоделско земјиште за 2019 година, продолжување на рокот за откуп на тутун, слободно движење на земјоделците за време на полицискиот час, се само дел од мерките на Владата, кои денеска ги соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Тој истакна дека мерките се во насока на поддршка на земјоделството како значајна гранка во вкупната економија на државата и ги повика граѓаните да купуваат домашни земјоделски производи. -На вчерашната владина седница донесена е нова интервентна мерка во висина од три денари за продадена зелка, за периодот од 5 април до 5 мај оваа година. Мерката е донесена во координација со производителите на зелка, а поради стабилизирање на пазарот со зелка. Бидејќи во месец април, поради вонредната состојба дојде до дестабилизација  на пазарот дојде до намалување на побарувачката а со тоа и на самата откупна цена, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Со цел да им се овозможи на земјоделците прво да обезбедат приходи од продажба, а потоа да платат закупнина за државно земјоделско земјиште, продолжен е рокот за плаќање на годинешната закупнина за 2019 година, до 12 ноември 2020 година. -До тој рок нема да се врши еднострано раскинување на договорите за закуп на државно земјоделско земјиште заради неплатената годишна закупнина, истакна Димковски. За успешна реализација на почнатите инвестиции и комплетирање на потребната документација, Владата ги става во мирување роковите за сите јавни повици за поднесување проекти и реализација на инвестициите од националните програми и  ИПАРД 2 програмата. -Ја зголемивме вкупната финансиска поддршка за женско јагне, 2.500 по грло, за да се покријат загубите на одгледувачите на овци поради намалениот извоз на јагниња. Поради намалената динамика за случување на договори за производство и откуп на тутун за реколтата 2020 месец март, рокот за склучување договори, кој го склучуваат производителите на тутун со регистрираните откупувачи е продолжен до утре, 30 април, соопшти министерот. Зелените коридори за побрз транспорт на стока веќе функционираат и со тоа е олеснета трговијата со земјоделските производи. Преку отворање на платформата понуда и побарувачка, на земјоделците им е овозможено да можат да ги понудат своите производи, а се во насока на обезбедување на пласман. -Ги повикувам граѓаните да купуваат домашни производи и на тој начин да го заштитиме и поддржиме домашното производство, истакна министерот Димковски. Тој информираше дека земјоделците, кои се самостојни извршители на дејноста, а се регистрирани според Законот за трговски друштва, ќе имаат можност да користат и дел од економските пакет мерки, кои предвидуваат 14.500 за месец април и мај. -Движењето на земјоделците, кои се регистрирани во Регистерот, се овозможи и за време на полицискиот час преку пријавување во подрачните единици. Движењето во својот атар е слободно и исклучиво за намената за производство. Нерегистрираните земјоделци, за време на рестриктивните часови, ќе можат да се пријават преку кризните штабови и да ги вршат своите земјоделски активности, информираше министерот за земјоделство. ир/са/  

Остани поврзан