Димитровски од МАСИТ: Дигиталниот пазар на ЕУ за нас не е само можност туку и крајна дестинација
- Претседателот на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, Јордан Димитровски, денеска на регионалната конференција „Western Balkans Digital Summit 2025“ во Скопје, посветена на дигиталната трансформација и интеграцијата на Западен Балкан во eдинствениот дигитален пазар на Европската Унија, организирана од Министерството за дигитална трансформација ја отвори дискусијата за бариерите и можностите со кои се соочуваат стартапите, малите и средните компании од регионот, со цел нивно побрзо приближување до европските дигитални текови.
Скопје, 2 октомври 2025 (МИА) - Претседателот на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, Јордан Димитровски, денеска на регионалната конференција „Western Balkans Digital Summit 2025“ во Скопје, посветена на дигиталната трансформација и интеграцијата на Западен Балкан во eдинствениот дигитален пазар на Европската Унија, организирана од Министерството за дигитална трансформација ја отвори дискусијата за бариерите и можностите со кои се соочуваат стартапите, малите и средните компании од регионот, со цел нивно побрзо приближување до европските дигитални текови.
-Единствениот дигитален пазар на ЕУ претставува најдинамично и најперспективно економско подрачје во светот. За нашите компании тој не е само можност – туку и крајна дестинација за раст и развој, истакнал Димитровски како панелист и модератор.
Панел-дискусијата се фокусирала на четири клучни аспекти за развој на дигиталната економија во регионот: олеснување на пристапот до пазарот и надминување на регулаторните бариери, усогласување со европските стандарди и регулативи, унапредување на прекуграничната дигитална трговија и проток на податоци и пристап до финансирање и нови извори на капитал.

-Заклучоците од дебатата беа јасни: иднината на економијата на Западен Балкан е дигитална и таа иднина е нераскинливо поврзана со европскиот пазар, стои во соопштението од МАСИТ.
МАСИТ, како водечка платформа на ИКТ-секторот во земјава, останува посветен да го предводи процесот на дигитална трансформација и да обезбеди подобри услови за раст и интернационализација на компаниите од регионот.
-Само преку соработка, визија и забрзани реформи можеме да ја изградиме нашата позиција како рамноправен и конкурентен дел од европската дигитална економија, наведуваат од МАСИТ. вг/
Фото: МАСИТ