• петок, 22 ноември 2024

Димитрова: Три фактори ќе влијаат врз предвремените парламентарни избори во Бугарија

Димитрова: Три фактори ќе влијаат врз предвремените парламентарни избори во Бугарија
Софија, 13 јуни 2021 (МИА) - Политичката кампања во Бугарија во моментов е многу динамична, коментира на БНР социологот од „Алфа рисрч“ Борјана Димитрова, јави дописникот на МИА од Софија. - Многу динамични фактори влијаат врз јавното мислење во Бугарија. Долго време немаше таква изборна кампања во Бугарија во која настаните се толку динамични, додаде Димитрова. Таа е категорична дека многу различни настани ќе влијаат на кампањата за бугарските парламентарни избори, што се закажани на 11 јули. - Три фактори ќе бидат клучни. Прво која партија ќе освои најмногу гласови. Според најновото анкета на нејзината агенција, разликата помеѓу ГЕРБ-УДФ на Бојко Борисов и Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов е минимум два процентни, истакна Димитрова. Таа предвидува дека во следниот состав на бугарскиот Парламент ќе има шест до седум партии. - Втор фактор е изборната поддршка за партиите што протестираат. Имасигнали дека е можно да се приближат позициите помеѓу Постои таков народ и Демократска Бугарија, посочи Димитрова. Таа како трет фактор го наведува односот на граѓаните кон различните опции за влада по изборите во Бугарија. - Постои висок степен на поларизација и поделба во бугарското општество на оваа тема, но сепак најголемата поддршка од околу 40 проценти има опцијата за формирање политичка влада со јасен мандат на политичките партии. Околу 25 отсто од гласачите ја поддржуваат актуелната привремена влада. сегашниот модел на управување е многу попривлечен за некои гласачи во Бугарија, посочи Димитрова. нк/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан