• петок, 05 декември 2025

Димитриеска - Кочоска: Заради неостварување на проектирани приходи во пензиски фонд има потреба од дополнително пренасочување на средства кон ПИОМ 

Димитриеска - Кочоска: Заради неостварување на проектирани приходи во пензиски фонд има потреба од дополнително пренасочување на средства кон ПИОМ 

Скопје, 28 јуни 2025 (МИА) - Заради неостварување на проектирани приходи во пензиски фонд има потреба од дополнително пренасочување на средства кон ПИОМ, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска.

- Станува збор за неостварување на проектираните приходи во рамки на пензискиот фонд и потреба од дополнително пренасочување на средства кон нив, од страна на буџетот. Во однос на усогласувањето на пензиите, веќе кажавме дека во септември, ние го вративме на сила и така беше предвидено со старото законско решение, ќе продолжиме со истото и ќе имаме покачување, чекаме да заврши месецот и да видиме колку ќе бидат точно пресметките за покачувањето на пензиите до крајот на годината, одговори таа на новинарски прашања, на прес-конференцијата што денеска ја одржа во Медија центарот на Владата прашана околу милијардата денари за ПИОМ, дополнително што ќе се дадат со ребалансот на буџетот. бд/вг/

Фото: МИА

Видео: Влада

Остани поврзан