• петок, 22 ноември 2024

Димитар Јовановски и Елена Петрова најбрзи на влосипедската трка „Халк Вело Грин“

Димитар Јовановски и Елена Петрова најбрзи на влосипедската трка „Халк Вело Грин“

Скопје, 9 септември 2024 (МИА) – Димитар Јованоски и Елена Петрова се годинашните победници на петтата велосипедската трка Халк Вело Грин што се одржа во Маврово во организација на Халкбанк АД Скопје.

Второто место во машка конкуренција во категоријата ХОБИ го освои Кирил Марковски, а трет беше Мехмед Мемеди. Во женска конкуренција втора беше Андријана Анастасоска, а трета Александра Танасоска. 

Како што информираат од Халкбанк АД Скопје, покрај категоријата ХОБИ, трката и годинава била организирана и во категориите ДЕЦА и ЈУНИОРИ.

Во категорија ЈУНИОРИ, кај девојчињата најбрзи биле Јана Ѓорѓиевска, Тија Кукунешоска и Варвара Атанасовска, а кај машките Андреј Маџоски, Константин Костоски и Филип Здравев. 

Кај најмладите велосипедисти, ДЕЦА, кои возеле траса долга 12 километри, првите три места ги освоиле Бистра Груевска, Оља Цветанова и Калина Ѓорѓиевска од девојчињата и Андреј Лозаноски, Марко Чекеровски и Михаил Лозаноски кај момчињата.

Со најдобри резултати годинава биле тимовите Тенкоминци, Маркови Точакџии и Триоџи. 

Најбрзите велосипедисти во секоја од категориите освоиле и вредни парични награди кои ги обезбедил организаторот на трката - Халкбанк. 

Велосипедската трка Халк Вело Грин е дел од многубројните настани на Халкбанк со кои ги негуваат и промовираат здравите животни навики кај населението и зачувувањето на животната средина.

Со средства генерирани во заедништво на организаторот и учесниците на трката, како што дополнуваат од Халкбанк, досега се засадени над 20.000 садници на повеќе локации во земјата. ар/аа/

Фото:Халкбанк АД Скопје

Остани поврзан