• понеделник, 23 декември 2024

ДИК го повика Милановиќ да се воздржи од учество во политичката кампања

ДИК го повика Милановиќ да се воздржи од учество во политичката кампања

Загреб, 20 март 2024 (МИА)  - Државната изборна комисија (ДИК) на Хрватска денеска го повика претседателот Зоран Милановиќ, согласно предупредувањето на Уставниот суд, да се воздржи од директно учество во политичко изборно промовирање на кој било учесник на изборите за време на неговите настапи во медиумите.

Во предупредувањето на Уставниот суд било посочено дека должноста на претседателот на Републиката „исклучува секаква можност, во контекст на распишаните избори, да биде кандидат на листата или да биде предложен за кандидат за функцијата претседател на Владата на Хрватска или да учествува во тоа својство во политичка изборна кампања“.

Велат дека ДИК нема ниту овластување ниту намера да навлегува во делот на јавните настапи на претседателот на Хрватска, туку дека има обврска да ги предупреди сите учесници во изборниот натпревар, вклучително и претседателот на Републиката, доколку тие излегуваат надвор од рамката на дејствијата утврдени од Уставниот суд.

Повикувајќи се на Законот за избори потсетуваат дека ДИК се грижи за законската подготовка и спроведување на изборите, а Уставниот суд врши надзор над уставноста и законитоста на изборите.

„Затоа, уште еднаш ги повикуваме сите учесници во оваа изборна постапка да ги имаат предвид одредбите од Изборниот закон, задолжителните упатства на ДИК како и ставовите на Уставниот суд од нејзината прва фаза“, се наведува во соопштението. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан