„Дизни“ го претстави новиот робот „Грот" za во тематските паркови
- Новиот лик е всушност верзија на бебето Грот од приказната „Чувари на галаксијата“, а на видеото се гледа како роботот зборува, танцува и покажува чувства...

Лос Анџелес, 12 јуни 2023 (МИА) - Компанијата „Дизни“ го претстави новиот робот којшто наскоро ќе се појави во тематските паркови. Новиот лик е всушност верзија на бебето Грот од приказната „Чувари на галаксијата“, а на видеото се гледа како роботот зборува, танцува и покажува чувства...
„Ние сме компанија која раскажува приказни, па сакаме да ги оживееме ликовите на најверодостоен можен начин. За нас тоа овојпат значи - роботизиран лик кој се движи, оди, гестикулира и 'чувствува'... Сакаме нашите гости да бидат возбудени - и возрасните и децата. Одлично е да се види дека тие разбираат колку е ова уникатно и забавно“, соопшти „Дизни“.
Роботот засега е во фаза на тестирање, а не се знае точно кога ќе пристигне во парковите на „Дизни“ ширум светот. Компанијата од светот на забавата тестира и други слични роботи. си/