• недела, 22 декември 2024

Дибала сè уште чека на нов договор

Дибала сè уште чека на нов договор
Торино, 4 ноември 2021 (МИА) – Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала (27), иако на средината од минатиот месец требаше да потпише нов договор со Јувентус, сè уште не го решил својот натамошен статус во прволигашот од Торино. Италијанските медиуми наведуваат дека до потпис на нов договор не е дојдено поради бирократски одолговлекувања во преговорите. Се чека на „зелено светло“ од адвокатите, а и состанокот на Дибала со неговиот менаџер е повторно одложен. Двете страни ги договорија новите услови, а Дибала е подготвен да потпише нов петгодишен договор според кој би заработувал осум милиони евра по сезона плус бонуси. ег/паг/

Остани поврзан