• четврток, 14 ноември 2024

ДЗР се воздржува од давање мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Железници на РСМ – Транспорт АД за 2020 година

ДЗР се воздржува од давање мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Железници на РСМ – Транспорт АД за 2020 година
Скопје, 29 јуни 2022 (МИА) - Државниот завод за ревизија се воздржува од давање мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2020 година, во конечниот ревизорски извештај на Железници на РСМ – Транспорт АД, додека за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики изразува неповолно мислење. Државниот завод за ревизија извршил ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД - Скопје за 2020 година и ги утврдил следните клучни состојби: - нереална проценета вредност на активата по основ на евидентиран гудвил, односно средствата на Друштвото на датумот на известување се преценети, а акумулираните загуби потценети за износот на евидентираниот гудвил; - пресметката на плата за вработените не е согласно законски и подзаконски акти; - со посебен акт не е утврден начинот на вршење на попис и истиот не е целосно спроведен со состојба 31.12.2020 година; - необјективно искажување на позициите за краткорочни побарувања од купувачи и краткорочни обврски кон добавувачи; - недоследности во постапките за доделување на договори за јавна набавка. Ревизорот, во извештајот како прашања за неизвесност и континуитет ги истакнува континуираната годишна загуба на Друштвото и недоволното средства на годишно ниво за субвенционирање на трошоците за патнички сообраќај од Буџетот на државата како услуга од јавен интерес, како и тоа што има судски постапки кои се во тек во кои тужена страна е Друштвото во износ од 154.018 илјади денари. Клучни препораки од Државниот завод за ревизија до Железници на РСМ – Транспорт АД се: -донесување на правилник за плати, усогласување и утврдување на критериуми за пресметка на плата; -утврдување на точноста на почетните состојби и влезните податоци во трговските книги и финансиски извештаи; -донесување на акт за вршење на попис и вршење на целосен годишен попис со усогласување на сметководствената со фактичката состојба; -водење на постапките за јавна набавка и реализација на склучените договори согласно пропишаните одредби. Од Државниот завод за ревизија, исто така, посочуваат дека не се добиени забелешки на нацрт извештајот од одговорното лице од Железници на РСМ – Транспорт АД. аа/дма/

Остани поврзан