• петок, 22 ноември 2024

ДЗИС го одбележува Светскиот ден на интелектуална сопственост

ДЗИС го одбележува Светскиот ден на интелектуална сопственост
Скопје, 26 април 2022 (МИА) - Со поставување штандови на плоштадот „Македонија“ и на влезот на Старата скопска чаршија и делење на промотивен материјал за правата од индустриска сопственост, како и за придобивките од нивната заштита како основа за успешен развој на секој бизнис, Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) денеска го одбележува 26 Април, Светскиот ден на интелектуална сопственост. Традиционално по 28. пат во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на интелектуална сопственост директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Ибуш Јусуфи ја додели и наградата „Патент на годината“. Добитник на наградата „Патент на годината за 2021 година“ е фирмата „Завар компани ДОО Скопје“ за пронајдокот со назив „Мобилен миксер за дисолвирање под вакуум или притисок со варијабилна температура на течни или полутечни медицински препарати“ од пронајдувачите Павле Грнаров, Игор Захариев и Марта Наумовска Грнарова. Оваа година, Светскиот ден на интелектуалната сопственост, за чиjа идејна организација е задолжена Светската организација за интелектуална сопственост, се одбележува под мотото „Интелектуалната сопственост и младината: Иновација за подобра иднина“ (World Intellectual Property Day 2022 – Celebrating Creativity & Innovation (wipo.int).вј/лв/

Остани поврзан