Де Хеа потпиша за Фиорентина
- Шпанскиот голман Давид де Хеа се пресели во Фиорентина и официјално потпиша едногодишен договор со калчолигашот од Фиренца со опција за продолжување на соработката за уште една година.

Фиренца, 10 август 2024 (МИА) – Шпанскиот голман Давид де Хеа се пресели во Фиорентина и официјално потпиша едногодишен договор со калчолигашот од Фиренца со опција за продолжување на соработката за уште една година.
Триесетитригодишниот Де Хеа ќе заработува два милиони евра годишно, што е повеќе од 10 пати помала сума од неговата плата во Манчестер Јунајтед.
Де Хеа беше на чело на „црвените ѓаволи“ меѓу 2011 и 2023 година и четири пати беше прогласуван за најдобар играч на клубот, но беше ослободен минатата година поради високите финансиски барања. ег ФОТО: ЕПА