• петок, 22 ноември 2024

Де Хеа и официјално има нов клуб

Де Хеа и официјално има нов клуб

Фиренца, 9 август 2024 (МИА) - Шпанскиот голман Давид Де Хеа потпиша едногодишен договор со Фиорентина, соопштија од клубот од стадионот „Артемио Франки“.

Де Хеа е надвор од терените по разделбата со Манчестер Јунајтед откако неговиот договор истече летото 2023 година.

На „Олд Трафорд“ мина 12 години, а претходно играше и за матичниот клуб Атлетико Мадрид. Во дресот на Манчестер Јунајтед настапи на 545 натпревари, а на 190 меча ја сочува мрежата „сува“.

Тој беше важен дел од англискиот гигант за време на целиот негов престој во Британија, а по освојувањето на Премиер лигата, два Суперкупа на УЕФА, две Лига Европа, еден ФА Куп и два Лига купа, го напушти клубот затоа што менаџерот Ерик тен Хаг сакаше голман кој беше подобар во распределбата на топката.

Реномираниот голман во 45 наврати настапуваше за шпанската репрезентација.

Де Хеа веќе слета во Тоскана, а клубот ќе има опција да ја продолжи соработката на уште 12 месеци.

Овој 33-годишен играч претходно одбил бројни понуди од својата татковина, Саудиска Арабија, Франција и некои други европски клубови пред да ја избере посакуваната опција и да дојде во Фиренца. дс

Фото: Х/Фиорентина

Остани поврзан