• петок, 22 ноември 2024

Де Ниро пред студентите на Кембриџ застана во поддршка на Украина

Де Ниро пред студентите на Кембриџ застана во поддршка на Украина
Кембриџ, 1 март 2022 (МИА) - Познатиот американски глумец Роберт де Ниро pред студентите на Универзитетот Кембриџ застана против руската инвазија на Украина. Де Ниро всушност зборуваше за својата актерска кариера, но прашан за неговото мислење за Украина, тој рече: „Треба да станете и да кажете - не можете да го правите тоа, тоа е погрешно“. - Има работи што се случуваат во светот, кои ако имате глас и гледате што се случува, имате право да кажете нешто за тоа. Морате. Тоа е ваша должност!, истакна Де Ниро. Тој нагласи дека не се работи само за демократија, туку за правилно и погрешно - за вистината. - Мораме да направиме нешто за да го запреме овој вид агресија, рече глумецот. На 24 февруари, рускиот претседател Владимир Путин ѝ објави војна на Украина и така ја почна инвазијата од големи размери.  си/sd/

Остани поврзан